ЗАПОЧНУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ НА РК РАДОВИШ

РК Радовиш од утре започнува со подготовките пред продолжетокот на првенството и Play off завршицата за Првата ракометна лига на Македонија.

Нашиот клуб РК Радовиш регуларниот дел од превенството го заврши на втората позиција, а веќе за оваа завршница екипата ја засилија Иван Митревски кој игра на позицијата десен бек, а доаѓа од суперлигашот РК Аеродром, десното крило од РК Овче Поле Иван Димчевски, а нашиот клуб го напушти Филип Трајанов кој по своја желба замина во РК Неготино-управата му искажува благодарност за досегашното залагање и допринос за клубот.

Во овој подготвителен период се планирани и неколку контролни натпревари преку кои се планира да се формира структурата на екипата и се донесе во топ форма пред почетокот на разигрувањето со цел пласман во Супер ракометната лига.

 

Утре во просториите на РФМ со почеток од 12 часот ќе се одржи ждербувањето за Play off завршицата за Првата ракометна лига на Македонија, истото ќе е од отворен карактер и ќе биде јавно пренесувано на Youtube каналот на РФМ.



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

Related Articles

Временска прогноза