Општина Радовиш објави конкурс за доделување на вкупно 29 стипендии на ученици од основното и средното образование. За ученици од шесто, седмо, осмо и деветто одеделение висината на стипендијата изнесува 2.500 денари, а за средношколците 3.000 денари.
На основците ќе им бидат доделени 16, на средношколците 13 стипендии по основ на постигнат успех и социјални критериуми.
Сите ученици стипендијата ќе ја добиваат девет месеци, односно во текот на една учебна година.
Заинтересираните треба да ги достават своите барања до 30 овој месец во просториите на Општина Радовиш.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови