Традиционално и оваа година во Општина Радовиш, на 19.01.2024 год. – Петок, ќе биде одбележан верскиот празник Богојавление (Водици).
Во организација на Македонската православна црква – Брегалничка епархија, во соработка со ЕЛС општина Радовиш предвидена е следната Програма:
07:30 час. Утринска литургија со богослужба во двете цркви
10:15 час. Тргнување на литијата (поворката) од Црква „Св.Илија“.
Движење кон Храм „Св.Троица“ по улиците „Гоце Делчев“, „Кеј 8ми Септември“ и Бул. „Александар Македонски“.
10:35 час. Приклучување на верниците од Храм „Св.Троица“ и заеднички движење кон базенот
10:45 Пристигнување на базенот, осветување на водата и фрлање на Светиот господов крст во водата на базенот.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови