Спортисти, тренери, спортски работници, претставници од спортските клубови, како и претставници од советот и бизнис секторот во општина Радовиш, вечерва ќе бидат дел од традиционалната манифестација „Спортист на годината“.
Претходно комисијата за образование, спорт и култура и Советот на општина Радовиш врз основа на објавениот Оглас за пријавување на спортисти, спортски работници и спортски екипи а согласно Правилникот за критериуми за избор на спортист на годината, извршија избор на најдобрите поединци – спортисти во различни категории, спортски екипи, тренер, спортски работник и посебни спортски достигнувања за изминатата 2023-та година.
Манифестацијата ќе се одржи вечерва со почеток од 19.00 часот.
*фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови