ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АЦО РИСТОВ УЧЕСТВУВАШЕ НА КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА РАЗВОЈ

Во Владата се одржа конститутивна седница на Националниот совет за развој, како дел од управувачката структура за Националната развојна стратегија која опфаќа економски, социјални, еколошки и културолошки аспекти на развојот на нашата држава во следните две децении.

Одлука за формирање на Националниот совет за развој, како дел од управувачката структура за Националната развојна стратегија е донесена на седница на Владата и Решение за именување на членови на Националниот совет за развој во кој членува и Градоначалникот Ристов.

– Националната развојна стратегија, ја отсликува инклузивноста на нашата држава. Овој процес се подготвуваше скоро три години, во што учествуваа околу 14 000 граѓани, повеќе од 250 претставници од национални институции, 70 градоначалници, 50 пратеници од власта и опозицијата, претставници на стопанските комори, граѓански организации, над 500 претставници од маргинализирани и ранливи групи, како и повеќе од 1000 млади и членови на младински организации.



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза