ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК, БОГАТСТВО ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЧУВА И НЕГУВА!

„Јазикот како човечка појава е неразделив сегмент од севкупното културно наследство и колективната меморија на секој народ“

Денеска 21-ви февруари се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој од страна на УНЕСКО како таков го има прогласено во 1999 година а една година, подоцна е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Во светот денес се зборува на околу 6.500 јазици, а на половина од нив, во многу делови од светот им се заканува изумирање и исчезнување. Конкретно, во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент.  Околу 200 земји се наоѓаат пред предизвикот да ги сочуваат „малите” јазици и да се погрижат тие да се употребуваат заедно со светските јазици.

Востановен е во чест на еден немил настан што се случил токму на 21 февруари во далечната 1952 година. По поделбата на Индија во 1947, Дака станала главен град на Источен Бенгал, како дел од новата држава Пакистан. Поделбата на луѓето била по етничка и лингвистичка основа, а најбројни биле Бенгалците. Владата на новооснованата држава во 1948 година усвоила предлог, единствен јазик да биде „урду“. Тоа предизвикало негодувања и протести. На 21 февруари, 1952 година бил организиран масовен протест во кој учествувале голем број студенти. Полицијата усмртила многу демонстранти. Неколку години подоцна за официјален јазик бил признаен и бенгалскиот.

*фото Архива



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза