ИЗВОДИТЕ ВО МАТИЧНАТА КНИГА НА РОДЕНИ БЕЗ ГРАФАТА „НАЦИОНАЛНОСТ“

Уставниот суд донесе одлука со која се укинува делот „националност” во Законот за матичната евиденција, соопшти прес-службата на Судот. Претходно, кон крајот на минатата година, Уставен со времена мерка го укина издавањето изводи со графа „националност“. Со денешната одлука, целосно се укинува оваа графа.

Уставните судии ја донесоа оваа одлука во рамките на предметот оформен по иницијативата поднесена од политичка партија. Уставниот суд на 20 декември 2023 година поведе постапка за оценување на уставноста на оспорените одредби од Законот за матичната евиденција, бидејќи основано се постави прашањето за нивната согласност со Уставот.

Според Судот, изјаснувањето за националната припадност, не е должност, туку можност (незадолжителен податок) со што граѓаните се лишени од правото и да не се изјаснат за својата национална припадност.

„Оспорените делови на одредбите од Законот за матичната евиденција, за изјаснување на граѓаните за сопствената национална идентификација, без можност за избор да се изјаснат или не, но и да го променат изјаснувањето, неспорно навлегува и во сферата на човековата приватност и личен живот, со што и од овој аспект Судот оцени за согласноста на оспорените делови од законските одредби со член 25 од Уставот“, се наведува во образложението од Уставниот суд.

*фото Архива



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза