ОД МАРТ ПЕНЗИИТЕ СО ПОКАЧИВАЊЕ ЗА 5%

Пензиите од 1-ви март ќе се зголемат за 5%. Така покажуваат бројките. Направена е пресметката за усогласувањето на пензиите, изјави денеска министерот за труд и социјална политика.

Велковски вели дека „тоа не би го кажал зголемување, бидејќи пет проценти се колку што покажуваат бројките на условно кажано покачувањето на пензиите, што треба да бидат исплатени на 1-ви во петок“.

Во согласност со новата методологија, усогласување на износот на пензиите се прави двапати годишно во март и во септември, врз основа на податоците од Државниот завод за статистика за трошоците на живот и просечната плата.

Освен линеарно зголемување, пензионерите бараат и корекција на минималната пензија на најмалку 18.000 денари. Тоа е безмалку идентично со актуелната просечна пензија во државата, која според последните податоди на Фондот за ПИОМ изнесува 19.106 денари. Од корисниците на пензија во државата, 28,56% земаат пензија до 13.300 денари, а над 22.000 денари земаат 27,61% од корисниците на пензија.

Проблемите на македонскиот пензиски систем низ годините се бројни, а еден од клучните на кој постојано се укажува е односот меѓу бројот на вработени и бројот на пензионери. Односно оние кои ја полнат касата на Фондот за пензиско и оние кои од истата земаат пензија. Во првата половина од 2023, според статистиката на ПИОМ, во државата има 337.054 корисници на пензија, што е двојно помалку од бројот на вработени, кој изнесува 683.242. Ова значи дека има двајца вработени на еден пензионер што не се смета за одржлив сооднос, односно е за 50% понизок од препорачаниот или оптималниот тројца вработени на еден пензионер.

 

*фото Архива



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза