ПРОДОЛЖУВА УРЕДУВАЊЕТО НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ВО РАДОВИШ

Како и претходно реализираните проектни активности деновиве веќе е променета е оштетената оградата која беше поставена пред повеќе од 40 години, се поставува нова современа заштитна ограда од метал со современ дизајн, која ќе спречи во дворот да не влегуваат кучиња скитници и други неповикани гости.
Поставувањето на новата метална ограда на градинката „Цветови“ е сопствена инвестиција, монтажата на оградата ја изведе фирма по спроведена Јавна набавка – информираше Директорката на ЈОУДГ Ацо Караманов-Радовиш, Кристина Бехлимова Трајкова.
Овој проект сеуште не е комплетно завршен во најкоро време се очекува поставување на влезните порти и нови детски реквизити во дворот на оваа детска установа.

 



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Related Articles

Временска прогноза