ЗНАМ ГИ ОБЕЛОДЕНИ НОСИТЕЛИТЕ НА ЛИСТИ ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ

Професори, лекари, поранешни пратеници – движењето ЗНАМ ги промовираше носителите на листи за парламентарните избори.

Професорот Бобан Карапејовски, ке ја предводи листата во единицата, во двојката каде очекуваат најголема поддршка листата ќе ја предводи Даниел Стојчевски.

Генерал мајорот Павле Арсовски во тројката, Миле Цеков во четвртата ИЕ. Екс пратеничката на СДСМ, Весна Бендевска во петката и Небојша Захариевски во шестата изборна единица. Сите најавуваат битка со корупцијата и подобар живот за сите.

Ги повикаа сите кои сакаат промени да им се придужат во битката за како што велат, да се одбрани достоинството на Македонија. Најавија дека во законодавниот дом нема да дозволат да поминат штетни договори, кои ќе удрат во темелите на самобитноста на Македонија.

 


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза