ЛИЦЕ ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА АГРЕСИВНО КОН ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ВО РАДОВИШ

На 08.03.2024 година во 19.00 часот во Полициската станица Радовиш бил приведен А.Ф.(36) од Радовиш.

Истиот дошол во просториите на полициската станица Радовиш во видно алкохолизирана состојба ,за да пријави нарушен јавен ред и мир во кој учествувал, при што почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници кои извршувале службени задачи.

Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, каде одбил да биде алкотестиран.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Фото Архива



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза