МАРТИНКИ ВО ЧЕСТ НА МЕСЕЦ МАРТ И ДОАЃАЊЕТО НА ПРОЛЕТТА

Во чест на месец март и доаѓањето на пролетта се носат црвено белите мартинки кои се направени од конец и се носат на рака. Мартинките со својата испреплетеност во обликот на ДНК-а врската или кодот ја симболизираат љубовта, плодноста, и се носат во чест на Баба Марта, односно жената која го раѓа новиот живот или во архаична смисла – пролетта.

Мартинката се носи на рака се додека лицето не виде штрк или ластовица. Штом се здогледа тогаш си замислува желба и се вади од рака и се става на дрво. Во спротивно доколку не се виде штрк, мартинката се става под перница, се замислува желба и се става под камен. Мартинаката се плете во Бела и Црвена боја, а тоа симболизира, белата боја се сметала за чистота и искреност, а црвената боја за симбол на светлоста и љубовта.

Древните Македонци од црвено-бела преѓа правеле белезици за на рака и верувале дека тоа ќе им донесе среќа во целата година. Симбол на древно – македонскиот празник Ксантика е мартинката, црвено-белата нишка – симбол на среќата, радоста и љубовта.

Mартинките се прават на тој начин, што се усукуваат две нишки од црвен и бел конец или волнена преѓа и така усукани се ставаат, најчесто околу раката. Кога се носи мартинката, таа не треба да се гледа, односно не треба да ја види сонце – ,,за да не те изгоре сонцето преку лето”.

Генерално, таа секогаш е со конци од црвена и бела боја испреплетени или исплетени, од кои црвената ја симболизира боја на крвта, а белата на чистотата. Се подарува на 1-ви Март во чест на Баба Марта и се носи околу рака или закачена на облеката се додека расцвета првото дрво. Потоа се закачува на него со желби за сопственото и за добро здравје на своите блиски во тековната година. Секако дека постојат варијанти на темата и обичајот низ цела држава.

 



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза