Пред нас се наоѓаат можеби најважните избори во историјата на Македонија. Изминатите седум години, сите вие сте сведоци на една инкриминирана власт без идеологија, без визионерство, без етика и без совест за маката на обичниот граѓанин – на денешната Пресс конференција го истакна Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Љупче Почивалец.
Видео од изјавата на Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Љупче Почивалец.
Во продолжение на изјавата тој истакна…
Во период кога сите околу нас напредуваат со економскиот, социјалниот и севкупниот развој, ние го достигнавме дното – потпкрепено со корупција, уништен систем, понижен народ и најтрагичното – зголемена сиромаштија.
Државата е доведена до колапс.
Во државата не постои општина во која нема жалосна статистика во однос на бројот на иселени домаќинства, напуштени огништа, стари и немоќни поколенија оставени на онлајн поддршка од своите наследници.
Општина Радовиш во овие две ипол години кога жителите на општина Радовиш одлучија да дадат поголема поддршка на Градоначалник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, всушност одлучија работите да тргнат на подобро притоа сигнализирајќи на централната власт дека сеуште најважното правило е „силна општина – силно општество“.
Наместо да се надмине таа политичка поларизација и да почнат да функционираат институциите, и да се загрижат зошто нашата општина е оставена на работ на преживување, тие не успеаја да се убедат барем да го вратат она што неправедно одземено – а тоа е надоместот за концесијата од рудниците Бучим и Боров Дол.
Само за последните две ипол години, општина Радовиш е оштетена за повеќе од три милони евра, кои ќе значеа нови капитални инвестиции, подобрена инфраструктура, почиста животна средина, повеќе туризам и економија, поголема активност на младите, подобар живот за пензионерите и она најважното помала иселеност на нашите сограѓани.
Не им беше воопшто важано ни образованието, ни спортот, ни инфраструктурата, ни социјалната, ни пак културата.
Оваа државна власт не вложи ни еден денар во инфраструктурата од областа на јавните дејности во општина Радовиш. Не видовме ни еден спортски терен, ни една детска градинка, ни еден детски парк и ни едно катче за младите изградено со парите од државата.
СРАМОТА.
Пред вистината молчат и боговите. Но најжално од се, е кога некогаш се дрзнат и излезат да ја критикуваат локалната власт а ни со прст на мрднаа да го искористат капацитетот на општинската администрација и да направат барем една успешна соработка – финансирана од централната власт.
Поминавме и сеуште поминуваме низ многу тежок период за нашата општина и за нашата држава.
Драги пријатели Следува нов тест за граѓаните.
Тест кој ќе покаже и докаже дали има надеж и светла иднина за оваа парче земја.
ВМРО-ДПМНЕ ќе има поинаков пристап и поразлична понуда на овие претседателски и парламентарни избори.
Имаме јасно дефинирана цел. Испраќање во историјата на оваа ненародна власт и враќање на светлата иднина за сите генерации на оваа тло.
Секое место и секој граѓанин заслужува почит.
Радовиш и Македонија имаа светла иднина.
Треба заедно да ја изградиме.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови