,,ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА” ЌЕ БИДЕ ОДБЕЛЕЖАН И ВО МАКЕДОНИЈА

Милиони луѓе ширум светот виртуелно ќе се обединат во испраќање на заедничка порака за спас на планетата Земја, во сабота на 30 март, кога ќе се одржи глобалната еколошка акција Часот на планетата Земја.

Часот на планетата Земја — светско движење организирано од Светскиот фонд за природа (СФП). Настанот се одржува секоја година, охрабрувајќи ги поединците, заедниците и бизнисите да ги исклучат несуштинските електрични светла, еден час, од 8:00 до 9:00 часот попладне во последната сабота од март, како симбол на посветеноста на планетата.

Повремено, во годините кога Велика Сабота се паѓа во последната сабота од март, Часот на планетата Земја се поместува една недела порано отколку нејзиниот вообичаен датум.

Глобалните истражувања покажуваат на тоа дека светот не успеал да ги исполни целите за зачувување на  биодиверзитетот, и тоа се случува веќе години по ред. Часот на планетата Земја како еколошка акција е клучна можност за поединците, невладините организации, бизнисите и сите други да ги повикаат светските лидери да го стават фокусот на зачувување на природата, како најважната алка за опстанокот на животот на Земјата.


Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја сега се одбележува во повеќе од 190 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата.


Во период кога глобалниот биодиверзитет се намалува со невидени и алармантни стапки, додека паралелно на еден милион животински и растителни видови им се заканува целосно исчезнување од лицето на планетата, а Земјата е на чекор од уништување поради глобалното затоплување, сега е повеќе од потребно да се подигне свеста дека природата е фундаменталма основа за здрава планета и непосредно и најмоќно решение за спас од климатските промени, информираат организаторите.

Додека светот се обидува да се опорави од пустошот на пандемиите и да се изгради повторно, треба да ја ставиме природата во центарот на нашите напори за обновување за да ја осигураме нашата иднина на оваа планета. Часот на планетата Земја е критичен момент за поединците, лидерите и еколозите да се обединат и да повикаат на итни мерки за да се врати загубата на природата и да се обезбеди природен позитивен свет до 2030 година!“ – се вели од Светскиот фонд за природа (WWF).

Македонија се вклучува во акцијата Часот на планетата Земја

 


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза