ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА СПОМЕНИКОТ ВО „ВАРОШ МАЛО“

По повод палењето на варош мало во Радовиш од страна на турскиот аскер на ден 14.03.1905 година на спомен плочата кај јаворот делегација на сојузот на борците од Радовиш и Конче положи букет цвеќе во знак на сеќавање на овој немил настан од нашата историја.

 


По илинденското востание во градот дејствувале врховистички групи и фракции помеѓу фамилии чорбаџиски во Радовиш кој се бореле помеѓу себе за превласт. Ваквата одмазда меѓу овие две семејство имала голем негативен одраз врз заедничката борба што се водела за ослободување од турското ропство.

Четата на војводата Симеон Молеров се сместила во „Варошот“ во куќата на големиот револуционер Ајтов Коце. Куќата во која била сместена четата на Молеров била опколена сардисана од турскиот аскер по што започнала борба преку ридот Илиница четата на Молеров се извлекла без загуби.

Потоа разбеснатиот турски аскер извршил терор врз мирното население. Како последица на овој терор биле опожарени сите христијански куќи во „Маалото Варош“ во Радовиш. Тоа се случило во ноќта на 14 март 1905 година.

Во чест на сеќавање во 1978 година е изграден споменик кој е во малиот парк до Јаворот, споменик кој е изграден во знак на трајно сеќавање на борбата што ја водела четата на војводата Симеон Молеров против турскиот аскер.

 


 


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза