“РУРАЛНА ЖЕНА НИЗ ОБЈЕКТИВОТ” – Изложба на која ќе бидат претставени 19 фотографии и 17 животни приказни

Изложба “Рурална жена низ објективот” на која ќе бидат претставени 19 фотографии и 17 животни приказни со кои авторката сака да го скрши стереотипот за руралната жена во нашето општество .

Лејла Куртов родена во Скопје 1996 година е дипломиран педагог на Филозофскиот факултет во Скопје, воспитувач во Детската градинка 12-Ти јули во Конче каде се грижи и ги воспитува најмалите .Покрај нејзината професионална дејност во слободно време таа се занимава со фотографија и уметничко сликање. Таа вели дека фотографијата е од големо значење за нас, фотографијата треба да пренесе некоја порака, а од друга страна фотографијата преставува уметничка интерпетација на некое случување,личности или објекти,фотографијата е момент кој можеме да го сочуваме.

Ова е нејзина прва изложба, а покрај тоа е и прва изложба на фотографии која ќе се претстави во Домот на Култура во Конче на 10-ти Март со почеток од 13:00 часот.

На Изложбата “Рурална жена низ објективот” ќе будат претставени 19 фотографии и 17 животни приказни со кои авторката сака да го скрши стереотипот за руралната жена во нашето општество .

Фотографиите се доказ дека руралната жена е силна и моќна. Жена која работи со многу труд и креативност,жена која се занимава со земјоделско производство, но во исто време може да биде и претприемач,медицинско лице ,учител и се она што таа ќе посака .

Руралната жена е столб кој ја негува традицијата, а од друга страна е и урбана жена која може да приднесе и на економски, социјален и културен развој.



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза