21 МАРТ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ШУМИТЕ „Одбери одржливо дрво за луѓето и планетата“

Овој ден е утврден со резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации на 28 ноември 2012 година. Секоја година, разни настани слават и ја подигнуваат свеста за важноста на сите видови шуми и дрвја надвор од шумите , во корист на сегашните и идните генерации.

 

Светскиот ден на шумите се одбележува со цел да се промовира свеста за значењето и вредноста на шумскиот покривач. Овој ден, ширум светот се одбележува со едукативни акции за заштитата на шумите, производство на садници, пошумување на голини и рекреација во шума.

 

 Со цел да го истакне значењето на шумите и екосистемот, како и влијанието на опстанокот на човештвото, Генералното собрание на Европската конференција за храна и земјоделство, го одбра денот на пролетната рамнодневица на јужната Земјина хемисфера, односно денот на есенската рамнодневица на 21. март за Ден на шумите.

Шумите како екосистем, после пустините се најзастапени копнени екосистеми на Планетата Земја. Заземаат 28% од површината на Земјата, односно околу 4 милијарди хектари и по своите содржини се разликуваат од другите екосистеми. Шумите гледајќи од аспект на актуелните климатски промени, претставуваат најголема фабрика за кислород, неопходен за живиот свет на Земјата. Претставуваат извор на храна и суровини на голем дел од жителите на Земјата, поволно влијаат на климата, режимот на водотеците и ја штитат земјата од ерозија.

Во последно време се зема предвид и социјалната улога на шумите, нејзините општокорисни функции и важноста по здравјето на луѓето. Токму затоа овој ден треба да биде врежан во свеста на луѓето за заштитата на шумите како добро од општествено значење. Но за жал, има и несовесни, па со непланско и диво сечење на шумите се нарушува рамнотежата во природата. Според проценката на стручњаците, од површината на земјата, годишно, исчезнува околу 16 милиони хектари, што се должи на постојано расчистување на шумите за создавање на слободен простор за нови населби и земјоделски површини, фабрики и сообраќајници.

 

 Со уништувањето на шумите настануваат еколошки промени со големи последици, пред се климатски промени, промени на земјиштето и климата и исчезнување на некои видови животни. Свесни за ова, некои побогати земји ги намалуваат овие последици со воведување на концепт за одржливо стопанисување со шумите, со намалување на непланските сечи, зголемување на степенот на шумовитост и други мерки во согласност со постојните ресурси и потенцијали. И во Република Македонија на разни нивоа се одбележува 21.март, Денот на шумите, пред се за подигање на свеста на граѓаните за шумите како бели дробови на Планетата Земја.

 


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза