ФИЛИПЧЕ: НА ГЛАСАЧИТЕ ЌЕ ИМ ПОНУДАМ МНОГУ РАБОТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТ

 „Јас на гласачите ќе им понудам многу работа, отвореност, транспарентност, чесност, ќе им понудам да бидам нивни вистински претставник во Парламентот, да ги застапувам нивните интереси. Едноставно, ќе го работам многу повеќе, тоа што сега го работам и до сега“, истакна во ТВ интервју Венко Филипче, кандидат за пратеник и носител на листата во Изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата.

 Тој во едночасовното интервју се осврна на начинот на кој планира да ја води кампања, на проектите кои ќе ги промовира во јавноста следниот период и на тоа што од него може да очекуваат граѓаните.

 „Јас сум човек кој што е отворен, кој што секогаш сака да помогне, да им се најде на луѓето. Вака работев за време на мандатот во Министерството за здравство, меѓутоа и пред мандатот. Едноставно сакам да пружам помош и сум спремен да пружам помош, било каде и било кога, и на било кој на ко што тоа му е потребно. Секако, најмногу во делот на мојата струка, понатаму во здравството, а и во другите сегменти таму каде што секако можам да помогнам“, истакна Филипче.

 


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза