Според последните ажурирани податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до вчеравечер за Силјановска-Давкова се потпишале 28 029 граѓани, а за кандидатурата на Пендаровски својот потпис го дале 21 852 лица
Кандидатите за шеф на државата на СДСМ, Стево Пендаровски, и на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, за еден ден, успеале да соберат над 20 илјади граѓански потписи за поддршка на своите претседателски кандидатури, што е двојно повеќе од потребниот минимум од 10 илјади потписи.
Покрај Пендаровски и Силјановска-Давкова, досега уште петмина кандидати успеаја да ги соберат потребните 10 илјади граѓански потписи и да си обезбедат место во трката за шеф на државата.
Прв тоа го стори кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, па Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“, кандидатот на движењето За наша Македонија (ЗНАМ), Максим Димитриевски, Стевчо Јакимовски од Граѓанската организација на Македонија (ГРОМ) и кандидатката на Левица, Билјана Ванковска.
На листата на кандидати кои сè уште собираат граѓански потписи има уште шестмина. Бројот на собрани потписи кај нив се движи од 0 до 1 596.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови