На 08.03.2024 во 13.10 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на локалниот пат од с.Тополница кон Радовиш, кај место викано „Баглар Баши“ патничко моторно возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(27) од с.Тополница-радовишко, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Т.И.(45) од с.Тополница, а со телесни повреди се здобиле Б.И. и сопатниците Р.И.(46) и Д.И.(24), констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.
- Фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови