ВАНКОВСКА: „ОДЛОЖЕНА ПРИМЕНА НА УСТАВНИ ИЗМЕНИ“ ВО УСТАВНОТО ПРАВО НЕ СЕ ПОЗНАВА…

„Можеби некој конституционалист и уставен правник ќе ни објасни што значи ова „одложена примена на уставните измени”… Јас за вакво нешто во компаративното уставно право не сум слушнала. Но, ова е Македонија – земјата на чудата“, реагираше денес кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска на презентацијата на изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. 

 

-Моето „лаичко“ толкување е: ние навистина ќе го смениме Уставот и ќе ги вметнеме и Бугарите и сите други, но ќе се преправаме дека уставните амандмани не се во сила до крајот на преговорите. (Не заборавајте дека ветија и намалување на бројот на пратеници за што е потребно да се смени Уставот). Впрочем, и Заев ве лажеше за имплементацијата на Преспанскиот договор дека ќе се случи “поглавје по поглавје”.И ова го нарекуваат “непопустлива надворешна политика”. Немојте после не сте знаеле. Само треба да читате меѓу редови, порача Ванковска.

 


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза