СТИПЕНДИИ НА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ – денеска беа доделени договорите за стипендирање

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, денес во салата на Советот на општината, на свечен начин ги додели договорите за стипендирање на најдобрите ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2023/24 год.

Честитајќи им на постигнатите успеси и резултати, тој на учениците им порача да го ценат и негуваат образованието и им посака уште поголеми достигнувања во животот.

Оваа година се доделија вкупно триесет и пет стипендии на талентирани ученици во општина Радовиш од кои: шеснаесет стипендии на талентирани ученици од VI до IX одделение во основните општински училишта, единаесет стипендии на талентирани ученици од I до IV година во средното општинско училиште и осум стипендии на одлични ученици по основ на социјален карактер.

Стипендиите во основното образование се во висина од 2.500 ден. а во средното образование во висина од 3.000 ден. а се доделуваат 9 (девет) месеци во годината.

 

Општина Радовиш

 

 


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза