ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА ЛИЦЕ КОЕ СЕ СОМНИЧИ ДЕКА ИЗВРШИЛО ОБЉУБА ВРЗ МАЛОЛЕТНИЧКА

На 30.03.2024 во 17.25 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Ј.К.(49) од село во општина Конче.

Тој се сомничи дека во периодот од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од село во општина Конче.

Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот и поднесување на соодветна пријава, во текот на денот Ј.К. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

СВР Струмица

*фото Архива

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза