„ЗНАМ“ НА МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПРОМОВИРАШЕ КАНДИДАТСКИТЕ ЛИСТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ

Политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, денеска ги претстави кандидатите за пратеници за претстојните парламентари избори.

Портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов, соопшти дека Извршниот и Централниот одбор на партијата, вчера со акламација ги утврдиле кандидатските листи за пратеници во сите шест изборни единици и посочи дека предлог кандидатите за пратеници на Движењето ЗНАМ се луѓе кои се нови во политиката и стручни во областите во кои работат. 

– За разлика од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, каде што во голема мера ги номинираа досегашните пратеници во Собранието на Република Македонија и не понудија ништо ново во кадровска смисла, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на листите за пратеници номинира луѓе кои се нови во политиката, стручни во областите кои што работат, авторитетни и препознатливи во своите средини. Луѓе кои имаат веќе политичко искуство со чист образ. Веруваме дека граѓаните на Македонија ќе ја препознаат разликата во квалитетот на кандидатите за пратеници и довербата ќе ја дадат на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, рече Мемов.

Изборната единица еден ќе ја предводи Бобан Карапејовски, професор на катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Носител на листа во изборна единица два ќе биде Дамјан Стојчевски, директор на јавното претпријатие чистота и зеленило во Куманово. Изборната единица три ќе ја предводи Павле Арсовски, генерал мајор во пензија. За носител во изборна единица четири партијата го номинира Миле Цеков, претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија, додека пак, изборна единица пет ќе ја предводи Весна Бендевска, дипломиран психолог, како и поранешна пратеничка во Собранието на Република Македонија, и носител на изборната единица шест ќе биде Небојша Захариевски, магистер по правни науки.

На новинарско прашање како ја коментира анкетата на МКД, каде претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски има поголем рејтинг од актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски, портпаролот Мемов, вели дека тоа е резултат на конзистентните политики на партијата.

-Трендот во јавноста е дека Движењето ЗНАМ бележи зголемување на довербата кај граѓаните, вели Мемов, но како што рече, конечната анкета ќе ја испорачаат граѓаните на денот на изборите. 

Што се однесува до евентуално коалицирање на Движењето ЗНАМ, Мемов рече дека јасен е ставот на партијата дека на претстојните избори ќе настапат самостојно, додека пак, за евентуално постизборно коалицирање, вели ќе се прави врз основа на изборните резултати. 


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза