Потпретседателот на ВМРО–ДПМНЕ и носител на листата во Изборната едница 4, Александар Николоски, заедно со кандидатите за пратеници од Радовиш Гоце Дединец и Моника Трајанова како гости на Градоначалникот на Конче Златко Ристов денеска беа присутни во општина Конче
Преубав нов објект културен дом во село Љубница – објектот ќе може да се користи од фолклорни друштва и за различни култирни манифестации. ВМРО-ДПМНЕ покажува дека се грижи за секое населено место и секое населено место заслужува подобрување на квалитетот на живот и многу проекти.
Во секое населено место се прават многу проекти. Во Ракитец се уредува просторот и јавните површини, се градат игралишта за најмладите се прават улици и се изгради клуб за пензионери. Со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направиме многу убави работи во цела Македонија – истакна Николоски при просетата на овие населени места.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови