Професорката Гордана Силјановска-Давкова има порака за денешниот почеток на изборната кампања за претседател на државата.
Таа прашува дали Македонија е пристојна република која се темели и го почитува интересот на граѓаните.
Ќе испратам порака и да ги прашам граѓаните дали се горди и на кого се горди, да се запрашаат дали навистина ги претставуваат оние кои ги штитат државните и националните интереси или сопствените и олигархиските интереси и што треба да направиме за да биде Македонија пристојно место за живеење. Дали е ова една пристојна Република оти Републиката секогаш се темели и го почитува интересите на граѓаните, порачува професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови