СДСМ ЌЕ ДОБИЕ НОВО РАКОВОДСТВО ПО ИЗБОРИТЕ? КОВАЧЕВСКИ НАЈАВИ ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ ПО 8 МАЈ

Кај нас Статутот бара одржување на отчетен Конгрес со анализа на резултатите и треба да се одржат внатрепартиски избори во кои се бара изјаснување за избор на претседател на партијата како и други партиски органи како централен одбор, извршен одбор, потпретседатели и така натаму, порача лидерот на СДСМ.

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање порача дека по 8 мај, кога треба да да се одржат парламентарните избори заедно со вториот круг од претседателските избори, во партијата ќе следуваат внатрепартиски избори.

– Кај нас Статутот бара одржување на отчетен Конгрес со анализа на резултатите и треба да се одржат внатрепартиски избори во кои се бара изјаснување за избор на претседател на партијата како и други партиски органи како централен одбор, извршен одбор, потпретседатели и така натаму. Тоа е стандардна процедура – рече Ковачевски.

Тој ги повика граѓаните да излезат на изборите на 8мај и да гласаат за бројот еден, додавајќи дека разбира зошто граѓаните се револтирани.

 



 

 

 

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза