УТРЕ ОФИЦИЈАЛНО ПОЧНУВА КАМПАЊАТА ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ – ВО ТЕК КАМПАЊАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ


На ден пред официјалниот почеток на кампањата за парламентарните избори претставници на партиите денеска ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Ноќеска на полноќ, пак, заврши рокот за пријавување на болни и изнемоштени за гласање на претседателските избори на 24 април.

Од утре до 22 април на полноќ кампањите за претседателските избори и за парламентарните избори се преклопуваат, а кампањата за парламентарние избори ќе се одвива и за време на молкот за претседателските избори. 

Владата на вчерашната седница одлучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република  Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател на  Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Македонија и овие два неработни дена нема да се одработуваат.

Караваните на претседателските кандидати продолжуваат и денеска. Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Чашка, Свети Николе и Велес. Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, ќе одржи средби со граѓани во Чучер-Сандево, Бутел, Чаир и во Гази Баба. Кандидатот за претседател на државата од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Општина Липково. Кандидатот за претседател од ГРОМ, коалиција „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски во Струга, во Охрид и во Битола ќе одржи средба со граѓани.

Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ беше во Гевгелија. Од таму порача дека мора да имаме уставен патриотизам и да ги почитуваме основните одредби на Уставот, а особено Преамбулата.

– Тоа е едно мало текстче што му претходи на Уставот, ама тоа е филозофијата на Уставот, тоа е македонската уставно правна меморија. И вие не можете да менувате факти како оние од АСНОМ или како оние како се создавала македонската држава, што се случувало на 8 септември. Не можете од тоа да бегате. Зошто, инаку, никој тоа не го прави. Ако само вие го правите, сите ќе ви се чудат и нема да ве почитуваат, рече таа. Според Силјановска Давкова уставни измени или најголемиот дел од уставните измени до сега не се направени заради Македонија како функцинална и демократска држава, бидејќи има многу проблематични решенија во Уставот, што треба да се изменат.

На митингот во Гевгелија говореше и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој истакна дека на Македонија и треба претседател, а не, како што рече, измеќар на ДУИ.

Тој нагласи дека 24 април е одговорот. И цврсто е уверен дека ќе им се случи народ. Затоа што предолго го потценувале и газеле. Затоа што предолго го потргнувале настрана и правеле место единствено за нивните од власта. 

 

 


 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза