Многупати досега д-р Венко Филипче зборувал за поддршката што им ја давал на своите помлади колеги од позиција на министер за здравство, кога ја извршуваше таа функција, но и како носител на листата во Изборната единица 4 на СДСМ и Kоалицијата за европска иднина во насока на тоа што ќе направи од позиција на пратеник за поддршка на своите млади колеги.
На оваа тема и на многу други, во Подкаст на Сител, Филипче зборува за својот професионален, но и приватен развој од еден поинаков, понеформален агол откривајќи детали за неговото детство, љубовта кон неврохирургијата, местата каде што излегувал како студент и многу други настани што за прв пат ги споделува во јавноста.
Филипче дава прецизен увид како изгледа една операција и операционата сала додека тој со својот тим оперира, но и открива зошто младите доктори и специјализанти сакаат да присуствуваат на неговите операции.
„Има одредени патологии коишто бараат максимална тишина и особена концентрација посебно на крајот на операцијата кога е хирургот и тимот практично најуморен. Најделикатниот дел од операцијата доаѓа на крајот од интервенцијата. Но, ние многу разговараме пред и по завршување на операцијата“, појаснува Филипче.
Тогаш, додава Филипче, тој се труди да им го пренесе сето свое знаење на колегите присутни на одредена интервенција.
„Најголемиот фокус во целиот тој разговор се става на пренесување на знаењето на помладите. Јас се обидувам да го објаснам секој мој чекор, од резот на кожата до последниот шаф, којшто во мојата пракса на работа е комбинација на различни искуства што сум ги собрал од секаде во Европа и светот каде што сум бил на едукација, со некој мој систем и моја комбинација да објаснам зошто е тоа така со цел младите специјализанти тоа да го запамтат“, вели Филипче.
Тоа е нешто на што Филипче посветува многу внимание и тоа е нешто што практично привлекува голем број на млади колеги специјализанти, па дури и студенти по медицина коишто покажуваат уште сега интерес за неврохирургијата, да бидат присутни на тие интервенции, објаснува тој.
Филипче се надева дека младите доктори и специјализанти ќе можат овие совети и искуства да ги имплементираат во нивната пракса.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови