ФИЛИПЧЕ: ВМРО-ДПМНЕ И НИКОЛОСКИ ЈА ГУБАТ ПОДДРШКАТА ВО ЧЕТВОРКАТА, ЗАТОА ВАДАТ ПРОПАДНАТИ АФЕРИ СТАРИ ТРИ ГОДИНИ

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп каде оствари среди со тутунарите, со фармацевтите, а се сретна и со жителите на Канатларци.

„Како што одминува кампањата, станува се појасно зошто ВМРО-ДПМНЕ целата своја пропаганда ја насочува кон мене со пропаднати афери стари три години. Причината за ваквото панично напаѓање е всушност поддршката за мене и СДСМ која забрзано расте и не им излегуваат математиките на терен. Александар Николоски никаде го нема меѓу граѓаните, па му остануваат само прес конференции и измислени афери против мене. Но, како што еднаш кажав, ова е погрешна стратегија која само дополнително ја јакне мојата позиција, а поддршката за него опаѓа. Го повикувам слободно да продолжи вака, па ќе се изненади на резултатот кој ќе го постигне“ – рече Филипче.

Филипче денес на средбите со граѓани на ден пред молкот за претседателските избори ги повика граѓаните да гласаат масовно за Стево Пендаровски во среда, а потоа и за СДСМ и коалцијата на 8 мај. 

„Стево Пендаровски ја заслужува вашата доверба. Тој е чесен човек, кој достојно ја вршеше функцијата Претседател на државата. Стево е човек кој обединува и кој секогаш застанува на патот на неправдата, ги штити граѓаните и нивните интереси. Стево е секогаш спремен да говори во име на обесправените,  да крене глас за секој без разлика кој е и од каде доаѓа. Тој е претедател кој не е привезок на ниедна партија, напротив жесток критичар и на СДСМ кога тоа е потребно. Таков претседател и е потребен на Македонија“ – истакна Филипче.

 

 

 


 

 

 

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза