БЕРБАТА НА ТУТУНОТ ЗАВРШИ СО ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКА ПРОСЕЧНА ЦЕНА ОД 365 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ – истакна Филипче од Прилеп

„Имаме право да бараме глас во Прилеп, затоа што зад нас имаме резултати“ – ова го рече Венко Филипче како носител на листа во ИЕ 4 при вчерашното отворање на новиот штаб, потсетувајќи на бенефитите кои земјоделците, а посебно тутунарите, ги имаа од владеењето на СДСМ. 

Тој се осврна на новата просечната откупна цена на тутунот, потсетувајќи дека 2014 година била 117 денари за килограм, а сега имаме за над 200% повисока откупна цена.

„Бербата на тутунот заврши со историски највисока просечна цена од 365 денари за килограм“, додаде Филипче.

Кандидатот од „четворката“ се осврна на новата „Програма за европска иднина“ која СДСМ и Коалицијата ја промовираа вчера и најави дека во неа се предвидени и зголемени субвенции за тутунарите.

„Предвидуваме субвенција од 6.000 денари по хектар за тутунарите“ – истакна Филипче.


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза