ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ В СРЕДА ЌЕ ЈА ПОТПИШАТ ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ФЕР, СЛОБОДНИ И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ

Политичките партии во среда, ден пред официјалниот почеток на изборната кампања, ќе ја потпишат Декларацијата за фер, слободни и демократски избори и против говорот на омраза.

Потпишувањето на Декларацијата е традиционален настан што го организира Институтот Охрид од 2014 година и се одржува пред секои избори.

Декларацијата ќе ја потпишат претседателите и подмладоците на политичките партии.

– Потпишувањето на оваа Декларација ќе пренесе јасна порака до целата македонска јавност дека младите политичари како идни носители на одлуки, имаат силна волја и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура издигнувајќи го политичкиот дијалог на повисоко ниво, посочуваат организаторите.


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Related Articles

Временска прогноза