МИНИСТЕРОТ ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, ЃОКО ВЕЛКОВСКИ ДЕНЕСКА БЕШЕ ВО ПОСЕТА НА РАДОВИШ

Во Радовиш Министерот Велковски имаше средба со пензионерите на којашто беа истакнати проблемите со кои се соочуваат пензионерите како и приоритетни работи на кои што идната влада ќе мора да работи. 

„Во Македонија имаме вкупно 342.217 пензионери од кои дури над 60% се со месечни примања под минималната пензија, односно под 20.000 денари. Значи оваа категорија на граѓани коишто по правило треба да бидат столбот на ова општество, се оставени да преживуваат со по 13-14.000 денари месечно и наводните покачувања од по 600 или 700 денари не можат да ја сменат сликата дека ситуацијата е алармантна.

Во рамките на теренски посети на Центрите за социјални работи од Југоисточниот регион  кои периодов ги остварува  Министерот Ѓоко Велковски денеска го посети Центарот во Радовиш. 

Центрите за социјална работа мора да бидат сервис на оние на кој што се најпотребни. Ова го заклучивме од работната средба со вработените во ЦСР Радовиш – истакна Министерот Велковски.


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза