ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА СОНЧЕВО СО МАЛА ДО УМЕРЕНА ОБЛАЧНОСТ, ТЕМПЕРАТУРАТА ДО 25 СТЕПЕНИ

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Следува период на сончево време со мала до умерена облачност. До петок утринските температури ќе бидат пониски, а преку денот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од сабота температурите ќе бидат во пораст.


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Related Articles

Временска прогноза