ВМРО-ДПМНЕ: Од денес започнува последната битка за Македонија, 20 часот пред Влада, за промените кои се во твои раце

Шест и пол години Македонија понижувана, угнетувана, ограбувана. СДС уништи се, и ја уназади Македонија. За 6 и пол години колку што е СДС на власт растот на БДП по глава на жител во Македонија е само 20%, додека кај земјите во регионот над 50%. Нема поголем доказ дека 6 и пол години Македонија ја водат неспособни и криминални луѓе од ова, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 6 и пол години нема учебници за учениците, се краде на болните од рак, субвенции доцнат. Време е да се случат промени. Време е Македонија да се исправи. Од денес почнува последната битка за промените.

Ги повикуваме сите граѓани во 20 часот на платото пред влада на голем сенароден митинг да и порачаме на власта дека нејзиното време заврши. ВМРО-ДПМНЕ има план и програма да донесе просперитет. За Македонија повторно твоја. Промените се во твои раце!, се вели во партиското соопштение.

 


 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза