Пред Владата синоќа се оддржа првиот митинг во организација на ВМРО ДПМНЕ со кој се одбележа почетокот на кампањата за претседател на Македонија на кандидатката Гордана Силјановска Давкова.
Во својот говор Професорката Силјановска Давкова порача:
„Гордоста не се купува или подарува. Гордоста се заслужува. Ова е годината кога одбележуваме 80 години од македонската државност, 80 години од АСНОМ. Партизаните, беа инспирирани од првиот Илинден и затоа влегоа во вториот Илинден, во борба за слобода.
Е така се гради гордост, тие загинаа за нас , за Македонија да ја направат горда.Ние тоа мора да го почитуваме. Тие тоа го заслужуваат, нашиот народ тука тоа го заслужува“, рече Силјановска Давкова.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови