ДИМИТРИЕВСКИ ВО КРУШЕВО: МОЈАТА ПРОГРАМА СЕ БАЗИРА НА ПЕТ СТРАТЕШКИ НАЧЕЛА И ПЕТ ПРИОРИТИ

Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски кампањата на претседателски избори ја почна од Крушево со програма под наслов „Манифест за Македонија“ и со слоганот „Максимум за Македонија“ .

-Мојата програма се базира на пет стратешки начела и пет приорити со кои ќе се зафатам во првите 200 дена. Моите пет начела се: единствени во надворешната политика, глас на разумот и обединувањето, поцврсти во одбраната и безбедноста, силни институции за заштита на граѓанинот и државата и вклученост и одговорност.

Ќе ја зајакнам улогата на претседателот во надворешните односи, ќе поттикнувам и одржувам редовен, конструктивен и аргументиран дијалог со политичките субјекти за да постигнеме разбирање и согласност за клучните цели на државата – во надворешната и внатрешната политика, како врховен командант, ќе работам на зајакнување на капацитетите на македонската армија, ќе ги вложам сите напори за да се валоризира нашето членство во НАТО, рече Димитриевски.


 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза