Повод 6 април – ден на цивилни инвалиди на Македонија, денеска беа доделени наградите на учениците кои учествуваа на конкурсите на тема: Војната долго се осветува.
Иницијативата за овој конкурс беше на “Меѓуопштинско Здружение на цивилни инвалиди од војната во Македонија – Штип, Радовиш, Струмица, Делчево, Берово, Виница, Кочани, Пробиштип и Свети Николе како домаќин и организатор беше ООУ „Никола Карев“ Радовиш.
На настанот свечено беше доделување на награди и признанија по одржан конкурс на горе-споменатата тема: од областите поезија, проза и ликовна уметност, со порака до јавноста: внимателност при средба со неексплодирани бомби и други материјали заостанати од војните кои можат да предизвикат траен инавалидитет
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови