23-годишна жителка на Радовиш е тешко повредена откако вчера заедно со нејзиниот сопруг излетале од патот кај селото Тополница.
-Во Полициската станица Радовиш вчера во 14:00 часот било пријавено дека на регионален пат Радовиш – село Тополница, патничко возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од Радовиш, констатирани во Клиничка болница Штип, велат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.
*фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови