По повод 20 години постоење на музичката сцена членовите на оркестар Крешендо брачниот пар Слободан и Кристина Трајанови снимија спот за нивната песна „Љубовта е се што имаме“.
Музика и аранжман е на Дарко Илиевски кој е и раководител на оркестар на државниот ансамбал за народни песни и игри „Танец“ во кој своевремено работел и Слободан Трајанов.
Текстот на песната е на Орце Зафировски снимено во студиото на Љупчо Соколовски.
Подмладокот на оркестар Крешендо Петар Трајанов кој е и син на брачниот пар неодамна снимаше спот на наша позната локација за орото „Петровденска Гајда“ во изведба на инструментот Гајда.
Спотот за песната „Љубовта е се што имаме“ е снимен во градот на љубовта Венеција Италија.
Во исчекување на најава за уште еден спот на орото „Исток Циганка“ кој исто така се снимаше во Венеција во изведба на Петар на инструментот хармоника каде тој се јавува и како композитор на самото оро а е снимено во студиото на познатиот хармоникаш Сашко Велков.
Се најавуваат уште проекти односно до почетокот на летото ќе се снима спот за песната Ќерката ни порасна каде како композитор се потпишува самиот Слободан Трајанов кој е проф.м-р по хармоника.
Погледнете го прекрасното видео од Крешендо...
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови