РАДОВИШ Е СПРЕМЕН ЗА СРЕДБИ, ЗА ИДЕИ, ЗА РАБОТА, ЗА ГОРДА МАКЕДОНИЈА!

 

Радовиш како и секогаш дава безрезервна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и овојпат нивниот избор ќе биде идниот претседател на Република Македонија проф.д-р Гордана Силјановска Давкова! Радовиш е спремен ЗА средби, ЗА идеи, ЗА работа, ЗА горда Македонија! – истакнуваат членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои вчера заедно со членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кандидатите за пратеници од општина Радовиш Моника Трајанова и Гоце Дединец се сретнаа со граѓаните преставувајки ја програмата на кандидатот за претседател на Република Македонија проф.д-р Гордана Силјановска Давкова.

 

 

 

Во текот на вчерашниот ден Антонио Милошоски членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник, заедно со кандидатите за пратеници од нашата општина Моника Трајанова и Гоце Дединец денеска го посетија старечкиот дом Астреон во Радовиш. Посетата на старечкиот дом во Радовиш беше прилика да се разговара со жителите на домот и нивните потреби. Посетата ја искористија за размена на мислење со менаџментот кое го раководи старечкиот дом, дебата за проблемите со кои се соочуваат во оваа дејност и разгледување на одредени предлог решенија.

 

 


 

Кафе средбата на кандидатите за пратеници Моника Трајанова и Гоце Дединец од нашата општина заедно со Антонио Милошоски и просветните работници од училиштата во општина Радовиш беше повод да се разговара за предвидената програмата и проектите кои се опфатени во „Платформа 1198“ на ВМРО-ДПМНЕ. Нашите наставници подолго време апелираат дека се неопходни драстични промени во воспитно – образовниот систем коишто ќе ја подобрат наставата, но и ќе ја подигнат мотивацијата за работа – ВМРО-ДПМНЕ ќе ги направи тие промени! – истакнуваат кандидатите за пратеници.

 

 

 

 


 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза