Со измени во Изборниот законик изгласани на 1 април годинава се предвидува во време на двојни избори, една ждрепка во ДИК ќе утврдува редослед и за претседателските и за парламентарните избори. Тоа значи дека редоследот кој беше утврден за претседателските избори ќе остане и на партиите за парламентарните избори.
Се очекува денеска да се одржи седница на која ќе се изврши ждрепка за редоследот на гласачкото ливче на парламентарните избори закажани за 8 мај, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).
Оттаму велат дека со измени во Изборниот законик изгласани на 1 април годинава се предвидува во време на двојни избори, една ждрепка во ДИК ќе утврдува редослед и за претседателските и за парламентарните избори. Тоа значи дека редоследот кој беше утврден за претседателските избори ќе остане и на партиите за парламентарните избори.
Актуелниот претседател и кандидат за втор мандат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски ќе биде прв на листата за претседателските избори. Втора е Гордана Силјановска-Давкова, кандодат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, трет е Стевчо Јакимовски од ГРОМ. Четврт е Бујат Одмани, кандидат од ДУИ, петта е Билјана Ванковска-Цветковска од Левица, шести е Арбен Таравари од кандидат за претседател на државата на коалицијата „Влен”, а седми е Максим Димитриевски, кандодат на ЗНАМ.
ДИК вчера ги потврди повеќето кандидатски листи за пратеници на политичките партии и коалициите кои ќе учествуваат на парламентарните избори на 8 мај.
На денешната седница на ДИК беа утврдени кандидатските листи на коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ, на коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, на Движењето За наша Македонија (ЗНАМ), на коалицијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците, на Левица, на коалицијата „Храбро за Македонија“ на ГРОМ, Интегра и ПЦЕР и на партијата Македонска Ера Трета.
Сите од нив имаат поднесено листи на кандидати за пратеници во сите шест изборни единици. Дел од останатите партии кои ќе учествуваат на изборите, како Демократи, Аваја, Твоја партија, Родина Македонија, Единствена Македонија-Европско граѓанско движење, имаат поднесено кандидатски листи во дел од изборните единици.
Неколку кандидатски листи, меѓу кои и на партијата Нова алтернатива, која неодамна ја презема актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, сè уште не се потврдени. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, во оваа насока информира дека партијата прави корекции и дека нејзините листи сè уште не се комплетирани, но потенцира дека роковите за исправки кои партиите треба да ги завршат се во тек.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови