ПОТПИШАН КОДЕКС ЗА ДЕМОКРАТСКИ И ФЕР ИЗБОРЕН ПРОЦЕС

Партиите се обврзаа дека ќе водат фер кампања за парламентарните избори. Со потпишувањето на Кодексот, како што вели првиот човек на ДИК, Александар Даштевски, учесниците во изборите ветиле дека ќе ги почитуваат принципите на демократијата.

„Се обврзувате дека ќе ги почитувате етичките норми во текот на изборниот процес, дека нема да користите говор на омраза во вашите настапи и други дејствија при спроведување на изборите, нема да вршите никаков вид на дискриминација по било која основа“, рече Даштевски.

Потписници на Кодексот беа и претставници на четирите најголеми парламентарно застапени партии и коалиции.

„Наместо да ги гледаме нашите политички опоненти како непријатели, треба всушност да ги соочиме фактите, аргументите и нашите програмски ветувања, а врз основа на тоа да покажеме и соодветна почит кон електоратот“, рече Сања Лукаревска, СДСМ.

„Посакувам мирна изборна кампања, мирен изборен ден. Посакувам дебатата да биде врз основа на аргументи и политиките, а не ‘ад хоминем’ и лични напади, на коишто за жал сведочиме во последниот период во кампањата за претседателските избори“, рече Тимчо Муцунски – ВМРО-ДПМНЕ.

Претставници за потпишување на Кодексот воопшто не испратија партиите Левица, Единствена Македонија, Родина Македонија и Македонска ера – Трети суверенисти.

 

Изборната кампања за парламентарните избори на осми мај, започнува вечерва на полноќ. На изборите ќе учествуваат вкупно 17 партии и коалиции.

 

 

*фото Архива

 


 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза