Д-Р ФИЛИПЧЕ: НОВИ СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ПО 6.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЈ ХЕКТАР ТУТУН И 12.000 ДЕНАРИ ЗА ЗЕЛЕНА НАФТА


СДСМ и во својот нов мандат ќе продолжи да се грижи за тутунопроизводителите преку воведување на дополнителни мерки за нивна поддршка и вреднување на нивното производство. 

Ова го истакна д-р Венко Филипче во изјава за медиумите дадена денеска од Прилеп во рамки на неговите активности како носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 4. 

„Нова мерка која ја воведовме е поддршка по пријавена површина тутун, во висина од 6.000 денари по хектар. Преку оваа мерка тутунарите добиваат право и на мерката зелена нафта во висина од 12.000 денари“, изјави Филипче. 

Тој појасни дека предвидена е дополнителна субвенција од 20 денари по килограм на откупен тутун доколку родот е помал од 15.000 тони по реколта.

„До 2016 година тутунарите добиваа субвенција од 60 денари по килограм за сите класи. СДСМ субвенцијата уште на почетокот од мандатот ја зголеми 80 денари за прва, 70 за втора и 60 за трета класа по килограм тутун. Со зголемување за 20 денари на субвенциите за сите три класи предаден тутун за реколта 2023, субвенцијата за прва класа тутун за прв пат достигна 100 денари“, вели Филипче.

 

Филипче потсетува дека сите мерки наменети за тутунарите се направени во соработка со откупувачите и производителите при што направени се историски чекори за зголемување на откупните цени на тутунот. 

„Тутунот од ланската реколта има рекордна откупна цена од 365 денари. За минатата година исплатени се 1,5 милијарди денари субвенции за 14.300 производители на тутун. Не ги оставивме тутунарите да чекаат да им се откупи тутунот, реколтата за 2023 година беше откупена до последен лист. Ги слушавме тутунопроизводителите како да им ја олесниме процедурата за откупот, затоа ги укинавме белите картончиња со што сложени процедури повеќе не постојат“, вели Филипче.

 


 

 

 

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза