На 25.04.2024 полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги привеле З.Ј.(32) од село Ораовица, радовишко и К.Х.(38) од Радовиш. Лицата околу 18.00 часот на ул. „Гоце Делчев“ во Радовиш го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 25.04.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во продавница на ул. „Самоилова“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Б.(19) од Скопје и Д.М.(23) од Радовиш. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Струмица
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови