НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ, ПОВИКУВАМЕ НА МОБИЛИЗАЦИЈА НА СИТЕ ПРОГРЕСИВНИ СИЛИ НА 8 МАЈ

 

СДСМ е обединета и силна партија, која издржала и време и невреме, која издржала и добро и лошо и партија која секогаш останала на браникот на татковината.

Активно работиме на терен и се мобилизираме за парламентарните избори. Дел од граѓаните кои решиле да не излезат на изборите очекуваме да гласаат во вториот круг претседателски и на парламентарните избори.

Нема откажување. СДСМ им подава рака и ги повикува сите прогресивни сили на мобизација на 8 мај.

Да не дозволиме државата да застане, да се врати назад во темното режимско минато, во времето на внатрешни конфликти и поделби.

Да не дозволиме некој нов 27 април или 24 декември, масовно прислушување, тефтерчиња, МВРО, да не дозволиме да се вратат пресметки со неистомисленици, закани и уцени, полициски упади во медиуми, затворање на новинари…

Тоа е можно со целосна мобилизација на сите прогресивни сили и глас за СДСМ, Коалицијата за европска иднина и Стево Пендаровски на изборите на 8 мај. 

 

 

 

 



 

 

 

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза