Црвениот бран се шири – нови канцеларии на Левица во Могила и Росоман
Претседателот, Димитар Апасиев, и Носителот на ИЕ4, Сашко Јанчев, вчера присуствуваа на отворање на две нови канцеларии на локални ограноци на Левица во општина Могила и општина Росоман.
Народот сè повеќе ги препознава идеологијата и вредностите на Левица, изградени на темелите на нашите предци кои го дале животот за Македонија и на кои почиваат вистината, праведноста и еднаквоста.
Претседателот Апасиев, како и Носителот Јанчев, во своите говори нагласија дека ова е историски момент пресуден за зачувување на интегритетот на Македонија.
Постојаниот раст на партијата е доказ дека народот ги препознава АСНОМ-ската идеологија и бескомпромисноста на Левица, како нова идеја чие време допрва доаѓа!
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови