„Многу човечки животи се спасени заради неговите интервенции, неговите дијагнози, неговите операции. Просто кажано, станува збор за човек кој ти е мерак да го гласаш.“
Ова за Филипче го рече актуелниот и кандидат за претседател Стево Пендаровски на вчерашниот митинг во Радовиш во рамки на неговата агенда за претстојните претседателски избори.
Тој за Филипче упати пофални зборови, како за неговата големина како човек и достапност во кое било време, така и за неговата професионалност, за разлика од неговиот противкандидат Николоски во ИЕ 4, кој целиот свој живот нема еден ден работен стаж.
„Немав намера да трошам зборови за неговиот против кандидат, нашиот, вашиот против кандидат во оваа изборна единица кој целиот свој живот бил на државни јасли или на партиски јасли. Нема еден ден работен стаж надвор од тоа. Партијата му давала работа, партијата му давала плата. Ако не е партијата, не може да заработи за леб“, рече Пендаровски за Николоски, за разлика од Венко Филип, за кој рече дека е сосем различен.
„Филипче сега да посака може да биде хирург каде сака во светот и за еден месец да заработи повеќе од годишна плата и на пратеник и на министер и на претседател“, рече Пендаровски во Радовиш.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови