РАДОВИШАНИ ГОРДИ! МАРИО АНАНИЕВ ОСВОИ БРОНЗЕН МЕДАЛ ВО БОРЕЊЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ГРЦИЈА…

Младиот Марио Ананиев, член на боречкиот клуб „Бучим“ од Радовиш го освои третото место и бронзениот медал на Европското првенство за помлади од 15 години во Грција.

Ананиев го освои бронзениот медал во борење, слободен стил на Европското првенство што од 15 до 18 мај се одржа во Лутраки, Грција.

Ова е прв медал на Европско првенство за македонската репрезентација по 10 години, а младиот Ананиев дојде до медалот во категоријата до 57 килограми во борба против Бугаринот Валентин Господинов, кого го порази со убедлив резултат од 7:0.

На оваа првенство учествуваа 225 натпреварувачи од цела Европа.

 

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза