МОНИКА ТРАЈАНОВА ЌЕ ГИ ЗАСТАПУВА РАДОВИШАНИ ВО ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Кандидатот кој беше од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Д-р Моника Трајанова е новиот пратеник кој ќе ги застапува радовишани во новиот парламентарен состав.

Пред почетокот на кампањата за Парламентарните избри 2024 година ви ги претставивме кандидатите за пратеници од општините Радовиш и Конче.

 

ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата во општина Радовиш освои 6769 гласа, СДСМ и коалицијата 2466 гласа

Во 4 Изборна едници 13 мандати доби ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ 5 мандати, Левица и ЗНАМ по 1 мандат.

 

 

 


Моника Трајанова-докторката која верува дека сите луѓе заслужуваат достоинствен живот, квалитено образование, ефикасно здравство, повисок стандарт за сите беше на 9 место на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, од каде што влегоа дури 13 пратеници од оваа листа во Изборната единица 4 која ја предводеше Александар Николоски

 

Родена е 1986 година во Радовиш, основно образование завршува во Ораовица од каде што и потекнува, за подоцна продолжи во средното медицинско училиште  ДСМУ  Д-р Панче Караѓозов во Скопје, потоа дипломира на Медицинскиот факултет во Скопје.

 

Д-р Моника Трајанова од 2019 година до моментот е специјализант на Клиниката за психијатрија во Скопје. Своето прво работно искуство д-р Трајанова го има во Итната медицинска помош во ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш, најпрво како  доктор- волонтер, подоцна заснова работен однос, за потоа да биде именувана за раководител на Итната медицинска помош во ЈЗУ „Здраствен  дом“  Радовиш.

Паралелно со работните обврски врши и едукација во Медицинскиот стимулациски центар Скопје. Д- р Трајанова во моментот е на специјализација на Клиниката за психијатрија во Скопје.

Своето  формално образование д-р Трајанова   го има надополнето  со низа обуки и семинари  од областа на медицината и активно е вклучена во трибини, панел- дискусии и предавања од нејзината специјалност.

Паралелно со професионалниот развој д-р Трајанова е активна и на политичката сцена. Најпрво како активист на УМС Ораовица, како член на Комисијата за здравство при ОК во  Радовиш. Во периодот од 2017 до 2021 е член на Советот на Општина Радовиш, како советник од редовите на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ Радовиш. Од  2017 година  до денес д- р  Трајанова е претседателка на УЖ на ВМРО- ДПМНЕ ОК Радовиш.

На последните локални избори д- р Моника Трајанова беше носител на листата на советници од ВМРО- ДПМНЕ во Радовиш. По завршувањето на  локалните избори, до ден денес таа е Претседател на Советот на  Општина Радовиш.  Од оваа позиција таа е кандидирана за пратеник од редовите на ОК ВМРО ДПМНЕ Радовиш во  4 ИЕ,  каде носител беше Александар Николоски.

Девизата која д- р Моника ја води низ животот е дека сите луѓе се исти и секој има право на достоинствен живот, кон ова таа се стреми секојдневно и преку својата професионална определба и преку своите политички ангажмани.

И посакуваме успешна и плодна работа во Собранието на Република Македонија.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза